Проект: Направи го твоето "домашно производство" и хоби профитабилно, Бр. CB006.1.31.015
Овој проект е кофинансиран од Европската унија преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија –Македонија

sinmk

logo bg

50 жени од Бугарија и Македонија ги претставија своите изработки во Штип. 13-14 Мај во Хотел Изгрев. Станува збор за базар, кој го организираше ЗХА „Синергија“ од Штип, во соработка Здружението на претприемачи од Гоце Делчев од Република Бугарија:

  • Она што го работат овие жени дома, да стане профиталбилно. За да им помогнеме во ова организиравме обука за компјутерски вештини, а изработивме и веб страница каде ќе ги пласираат своите производи, објасни Вилма Јованова, прет. на Здруж. за хуманитарни активности „Синергија“ – Штип.

Денешниот базар е начин, она што го работат како хоби, да го претстават на потенцијалните купувачи, a воедно и да се обидат да го претворат во сопствен бизнис:

  • Како домаќинка ме исполнува готвењето и се што правам дома и се надевам дека еден ден тоа ќе стане профитабилно, кажа Јадранка Стоименова, учесник од Македонија.

Досега, продавањето на производите на сите нив, им оди многу тешко:

  • Во принцип, работам преку пријатели. Производите ги продавам по порачка, немам ниту некој сајт, ниту пак начин да ги понудам електронски во другите земји, рече Радост Маглова, учесник од Бугарија.

За сите нив, хобито е задоволство и уживање, па некои од нив се решени, наместо хоби рачната изработка да им стане професија:

  • Јас имам работа, имам многу работни ангажмани, но ова уживам да го правам. Ако успеам од ова да си го вадам лебот и да се хранам, нема да продолжам со ништо друго, категорична е Десислава Јовановиќ, учесник од Бугарија.

Оние пак, кои направиле чекор напред и извесно време хобито им станало професија, тврдат дека леб во талентот, сепак има:

  • Беше тешко на почетокот, но морам да кажам дека се живее. Полека луѓето почнаа да ги ценат рачните изработки, вели Велика Димова, учесник од Македонија.

Примерот на Велика, е конкретно еден од целите кои проектот има зацртано да ги оствари:

  • Ако успееме половината на жените кои се овде и се дел од проектот да им помогнеме да започнат сопствен бизнис, комплетно сме го исполниле проектот, истакна Галена Велева, прет. на Здружение на претприемачи – Бугарија.

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
  • 12
  • 13
  • 14
  • 15
  • 16
  • 17
  • 18
  • 19
  • 20
  • 21
  • 22
  • 23
  • 24
  • 25
  • 26
  • 27
  • 28
  • 29
  • 30
  • 31
  • 32
  • 33
  • 34
  • 35
  • 36
  • 37
  • 38
  • 39
  • 40
  • 41
  • 42
  • 43
  • 44
  • 45
  • 46
  • 47
  • 48
  • 49
  • 50
  • 51
  • 52
  • 53
  • 54
  • 55
  • 56
  • 57
  • 58
  • 59
  • 60
  • 61
  • 62
  • 63
  • 64
  • 65
  • 66
  • 67
  • 68
  • 69
  • 70
  • 71
  • 72
  • 73
  • 74
  • 75
  • 76