Проект: Направи го твоето "домашно производство" и хоби профитабилно, Бр. CB006.1.31.015
Овој проект е кофинансиран од Европската унија преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија –Македонија

sinmk

logo bg

Наслов на проектот: Направи го твоето "домашно производство" и хоби профитабилно

Водечки партнер: Здружение за хуманитарни активности "Синергија" Штип, Македонија

Проектни партнери: Здружение на претприемачи регион Гоце Делчев, Бугарија

Приоритетна оска: Конкурентност

Специфична цел: Зајакнување на конкурентноста на регионалните бизниси

Времетраење (месеци): 12

Дејности по проектот: Две групи на невработени жени, кои произведуваат домашни производи и ракотворби, ќе се формираат во Штип и Гоце Делчев. Тие ќе бидат обучени во основите на економијата и основни ИТ вештини , со цел да бидат во можност да ги продадат своите производи и да го направат своето хоби и домашно производство профитабилно. Организирањето на работилница со локалните бизнисмени, организирање на базари во Штип и Гоце Делчев, како и учеството преку заеднички штанд на саем за занаетчиство во Скопје, ќе им овозможи да соработуваат, да остварат контакти и создадат основа за иден развој на нивните домашни активности во микро или мала фирма.

Резултати од проектот: Невработените жени од пограничниот регион ќе стекнат основни економски и ИТ познавања; ќе се воспостават контакти за размена на искуства, контакти со локалните бизнисмени кои се занимаваат со слични бизниси; ќе можат да ги промовираат и продаваат своите производи и да остварат приходи; ќе можат да ги развијат нивните домашни активности и хоби во мали, профитабилни бизниси; со ова ќе се помогне во зачувувањето на двете национални култури и традиции.

Целни групи: Невработени жени од пограничниот регион со способности за посебни домашни производства и производство на ракотворби; занаетчиски и останати фирми кои се занимаваат со вакви производи ќе можат да нарачаат ракотворби и производи барани од страна на пазарот; купувачи со преференции  за овој вид на производи ќе имаат избор да ги купат.